речник контакт

Велес остана без корзо и шеталиште??!!

Велес остана без неговото корзо и шеталиштето во центарот на градот, откако советниците донесоа одлука, главната улица да се отвори за сообраќај.

Петар Печков

Велес остана без неговото корзо и шеталиштето во центарот на градот, откако советниците донесоа одлука, главната улица да се отвори за сообраќај.

Според нив корзото ја изгубило неговата функција, бидејќи тоа повеќе не се користи за шетање, така што улицата Маршал Тито по многу десетлетија, повторно во вечерните и ноќни часови е отворена за возилата.

Постарите жители на Велес не се согласуваат со оваа одлука, бидејќи сметаат дека корзо на градот му е потребно иако и самите не се сеќаваат кога последен пат тука прошетале. Некои од нив потсетуваат дека корзото во Велес го донеле французите по завршувањето на I - та Светска војна во 1920-тата  година и тоа опстојувало како шеталиште низ многу бурни времиња.

Помладите пак воопшто не реагираат на оваа новина, тие одамна корзото го заменија со излегување по кафетерии и немаат потреба од ваква забава.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »